Top Sport

Англичаните ќе го доиграат и ФА купот

Англичаните вчера објавија дека сезоната во Премиерлигата ќе продолжи на 17 јуни, а денес потврдија дека ќе продолжат и натпреварите во ФА купот. Ова натпреварување стигна до четврт-финалето.

Повеќе нема дилеми дека ФА купот ќе биде завршен. Четврт-финалните натпревари ќе се одиграат на 27 и 28 јуни. Полу-финалните мечеви ќе се играат на 11 и 12 јули,а финалниот меч е закажан за 1 август.

Во четврт-финалето ќе играат Лестер-Челси, Њукасл-Манчестер сити, Шефилд Јунајтед-Арсенал и Норич-Манчестер Јунајтед.

„Ова натпреварување е дел од англискиот фудбал речиси 150 години. Сакам да изразиме благодарност до управата на Премиерлигата и сите клубови на поддршката и желбата натпреварувањето да се одигра“, порачал во петокот извршниот директор на Фудбалската асоцијација на Англија.

Иако Фа ги одреди датумите оставен е простор да има и промени и поместувања.

Scroll to Top