Top Sport

Елмас деновиве ќе потпише за Наполи

Елиф Елмас до крајот на неделава ќе го официјализира својот трансфер во Наполи. Ова за италијанските медиуми го потврдил првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Вистина е, до крајот на неделава Елмас ќе дојде во Наполи“, рекол Де Лаурентис.

Во наредните денови клубовите треба да ги завршат сите формалности околу трансферот, по што македонскиот репрезентативец ќе пристигне во Наполи на лекарски прегледи, а откако ќе го потпише договорот ќе му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти.

Трансферот на Елмас од Фенербахче во Наполи ќе изнесува 18 милиони евра. Фудбалерот ќе потпише пет годишен договор, а според медиумите годишно ќе заработува 1,5 милиони евра.

За да биде реализиран трансферот на Елмас, Наполи го продаде Роберто Инглесе во Парма, а од клубот во Ајнтрахт ќе се пресели Хрватот Марко Рог.

Scroll to Top