Top Sport

Тухел: Знаев дека Нејмар сака да си оди

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, рекол дека ситуацијата околу Нејмар е работа за клупските челници. Тој дополнил дека не е изненаден од она што се случува во последно време.

Иднината на 27 годишниот фудбалер е една од темите со кои се занимаваат медиумите, а најмногу се врти шпекулацијата дека тој ќе се врати во Барселона. Шампионот на Шпанија пред неколку дена го реализира трансферот на Антоан Гризман од Атлетико, што не ги намали шпекулациите дека клубот го сака и Нејмар во своите редови.

Синоќа Пари Сен Жермен го одиграа првиот контролен меч и убедливо славеа над Динамо Дрезден (6:1).

По мечот тренерот Тухел одговорил на неколку прашања, а неизбежен бил и неговиот коментар околу иднината на Нејмар.

„Секогаш сум разочаран кога моите играчи доцнат. Меѓу нас нема проблеми, работата треба да ја решат клупските челници. Дали знаев дека тој сака да замине? Да, го дознав тоа пред Копа Америка. Но, тоа е работа што стои помеѓу него и клубот“, истакнал Тухел.

Нејмар е играч на Пари Сен Жермен од 2017 година, кога за светски рекорд од 222 милиони евра реши да ја напушти Барселона.

Scroll to Top