Top Sport

Атлетико демантираат дека преговараат со Хамес Родригез

Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Сересо ги демантирал тврдењата на шпанските медиуми дека летово на „Ванда Метрополитано“ ќе пристигне Колумбиецот Хамес Родригез.

Колумбиецот ова лето се врати во Реал откако му заврши две годишната позајмица во Баерн Минхен. Тренерот Зинедин Зидан веднаш му соопштил дека нема да смета на него во новата сезона и дека е слободен да си бара нов клуб.

Најголем интерес за него покажа Наполи, но медиумите тврдеа дека тој ја сменил одлуката и решил да остане во Мадрид и да ја прифати понудата од Атлетико.

„Ние сме заинтересирани за врвни играч, а Хамес е врвен играч. Сепак далеку сме од неговиот трансфер. Дали преговаравме? Колку што знам, не“, рекол Сересо.

Атлетико ова лето остана без Диего Годин, Антоан Гризман, Лукас Ернандез, Фелипе Луис, Родри, Хуанфран Торес, а клубот го напуштија и Лусијано Вијето и Желсон Мартин кои беа на позајмици во Фулам односно Монако.

Клубот заработил од продажбите 310 милиони евра. Во преодниот рок досега на „Ванда Метрополитано“ пристигнаа Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Фелипе, Ектор Ерера, Ренан Лоди и Иван Шапоњиќ, а во наредните денови се очекува клубот да ги потврди трансферите на Киран Трипие и Марио Хермосо.

Scroll to Top