Top Sport

Елмас доби „шестка“ за сезоната на Наполи

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби „шестка“ како генерална оценка од италијанскиот медиум „Ил Матино“ од Неапол, во анализата за завршената сезона во Серија А. Тој во летото 2019 за 16 милиони евра дојде во Наполи од турскиот клуб Фенербахче и изминатата беше негова најдобра сезона досега во Италија.

Ѕвездите Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс, Калиду Кулибали беа за нијанса подобро оценети (6,5) од Елиф Елмас.

Елмас даде седум гола и имаше пет асистенции, учествуваше во 46 од можните 47 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, а Серија А постигна три гола и имаше четири асистенции на 37 меча.

Одличен беше во Лига Европа, постигна четири гола и забележа една асистенција на осум натпревари. Сепак, Наполи не успеа во трката за „скудетото“ и оваа сезона не освои трофеј.

Само тројца фудбалери се оценети со натпросечна оценка, Џовани Ди Лоренцо (8,5), Марио Руи (7,5) и Виктор Осимен (7,0).

Scroll to Top