Top Sport

Елмас е меѓу 50 „ѕвезди во подем“ на УЕФА

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е еден од 50 таленти на кои според УЕФА треба да се внимава во наредната сезона.

Елмас, минатата недела го комплетираше 16 милиони вредниот трансфер од Фенербахче во Наполи. Ова е најголемиот излезен трансфер во историјата на Фенербахче.

„Дибитираше за Македонија на 17 години, иако Турицја сакаше да игра за нив, мод летото тој е дел од Наполи, откако импресионираше во Фенербахче“, пишува на сајтот на УЕФА.

Елмас во новата сезона со наполи ќе игра во Лигата на шампионите.

Целата листа на Топ 50 млади ѕвезди што ја состави УЕФА може да ја погледнете тука.

Scroll to Top