Top Sport

Елмас и другарите можат да слават: Веројатноста Наполи да го освои „скудетото“ е 99,46%

Италијанскиот калочолигаш Наполи има 15 бода предност на врвот на табелата во Серија А и сите очекуваат дека без проблеми ќе ја освои шампионската титула. Прецизните статистичари тврдат дека веројатноста за тоа е 99,46%.

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, поткрепен со анализа од компанијата за статистика и анализи, „Опта“, излезе со пресметка дека „наполитанците“ имаат помалку од 1% неизвесност во трката за „скудетото“.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа сезона исто така е значаен дел од составот на Лучијано Спалети и на досегашните 22 натпревари постигна шест гола.

Scroll to Top