Наполи по шести пат го крена трофејот од Копа Италија, откако по 0:0 по регуларните 90 минути, успеа со 4:2 да го совлада Јувентус на „Олимпико“ во Рим, откако Елиф Елмас пропушти неверојатна шанса во 93. минута како замена да го совлада Џиџи Буфон.
Пауло Дибала и Данило не беа успешни за Јуве во првата и втората серија, за „бјанконерите“ да пропуштат шанса да ловат двојна титула во Италија, додека Инсиње, Политано, Максимовиќ и Милик беа прецизни за „партенопеи“.
Ова е прва италијанска титула како тренер на Џенаро Гатузо, додека Маурицио Сари сигурно го боли поразот од неговиот поранешен тим.
Во првите 45 минути, Јувентус ја имаше иницијативата, но Наполи ги имаше најдобрите шанси, вклучувајќи две фантастични одбрани на Џанлуиџи Буфон и една статива на Лоренцо Инсиње. Од другата страна, двете добри акции на Кристијано Роналдо беа прекинати од Мерет.
Јувентус имаше и подобар старт на второто полувреме и одличен обид на Пауло Дибала од слободен удар, пред во самиот финиш на натпреварот шанса да добие и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој имаше одлична шанса во 93. минута, но која Буфон успеа да ја одбрани и да ја удри пречката.
Buffon could save 2020 pic.twitter.com/DxUkGeA9az
— MickFlairDrip (@m1897) June 17, 2020
Buffon salvou a Juventus no jogo, mas nas penalidades seus companheiros de equipe não ajudaram. Napoli campeão da Coppa Italia vencendo a Juve por 4 x 2 nos pênaltis.
O gol do título. Milik! ? pic.twitter.com/KAMSHvh9pe
— Tiro de Canto (@TiroDiCanto) June 17, 2020