Top Sport

Елмас и Наполи со прва победа во ЛЕ, Вест хем „гази“

Елиф Елмас беше стартер, а Наполи, конечно, по блескавата домашна форма, стигна до првата европска победа оваа сезона, победувајќи ги Легија Варшава со 3:0, Вест хем продолжи со „газењето“ во Европа, додека Лион направи луд пресврт во Чешка, победувајќи ги Спарта Прага со 4:3 откако губеа со 2:0.

dobivaj vesti na viber

Наполи во првите две кола одиграа 2:2 со Лестер и загубија дома од Спартак Москва со 2:3, така што на „Диего Армандо Марадона“ се очекуваше многу. Одбраната на полскиот тим беше пробиена во 76. минута од Лоренцо Инсиње, пред Нигериецот Виктор Осимен да ја продолжи блескавата голгетерска форма во 82. минута, две минути откако му беше поништен гол.  Матео Наполитано во 95. минута ја потврди победата на домаќините.

Вест хем со головите на Досон, Диоп и Боуен стигнаа до 3:0 победа над белгискиот Генк за трета победа во три кола и без примен гол (со 7:0 гол-разлика).

ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО

ГРУПА А

Ренџерс – Брондби 2:0

Спарта Прага – Лион 3:4

ГРУПА Б

ПСВ Ајндховен – Монако 1:2

Штурм Грац – Реал Сосиедад 0:1

ГРУПА Ц

Наполи – Легија Варшава 3:0

ГРУПА Д

Ајнтрахт Франкфурт – Олимпијакос 3:1

ГРУПА Е

Локомотив Москва – Галатасарај 0:1

ГРУПА Х

Вест хем – Генк 3:0

Scroll to Top