Елиф Елмас со гол од пенал во финишот на мечот ја оправда довербата на тренерот Лучано Спалети, за да ја осигура победата од 2:0 на Наполи над Сампдорија за лидерот во италијанската Серија А да се врати по првиот пораз од сезоната и да се врати на +7 пред Јувентус на второто место.
Наполи добија пенал уште во шестата минута од гостувањето во Џенова, но Матео Политано не успеа да го реализира погодувајќи ја стативата. Сепак, гостите стигнаа до водство во 19. минута преку Виктор Осимен, пред работата да им биде олесната со црвениот картон кој го доби фудбалерот од средниот ред на Самп, Томас Ринкон во 39. минута од мечот.
Наполи ја имаше контролата на мечот, но дури во 82. минута го потврди триумфот, кога имаше играње со рака во шестнаесетникот на домаќините, а Елмас со прецизен удар успеа да го удвои водството.
За Наполи сега следува можеби клучниот меч од сезоната, кога ќе го пречекаат Јувентус на „Стадио Диего Армандо Марадона“ следната сабота.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Eljif Elmas buries the penalty and doubles the lead for Napoli!#SampdoriaNapoli pic.twitter.com/R32P0VgDVv
— Reyi (@Reinaldodcg9) January 8, 2023