Top Sport

Елмас ќе игра во Атлетико Мадрид

Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид, тврди „Фанатик (fanatik.com.tr)“. Според овој извор трансферот треба да биде реализиран оваа недела.

Како што пишува „Фанатик“, претставници на Атлетико, оваа недела ќе престојуваат во Истанбул каде ќе го официјализираат трансферот на македонскиот репрезентативец.

Атлетико за Елмас на Фенербахче ќе им платат 14 милиони евра, а не е познато колкава плата ќе заработува тој во клубот од „Ванда Метрополитано“.

Исто така се наведува дека Атлетико покрај сумата што ќе ја платат за Елмас се подготвени на една сезона на Фенербахче да им го позајмат Никола Калиниќ.

Елмас е беше трансфер цел на неколку екипи, медиумите пренесуваат дека во своите редови го сакаат Лацио, Интер, Тотенхем…но изгледа дека Атлетико ја доби трката.

Scroll to Top