Top Sport

Лига на нации: Познати можните противници на Македонија

Викендов се одржа завршниот турнир во најмладото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации. Ќе остане запишано дека прв освојувач на трофејот е репрезентацијата на Португалија.

Првото издание на Лигата на нации по добро ќе го паметат и македонските фудбалери, кои во Лигата Д го освоија првото место во својата група со што изборија промоција во Лига Ц.

Наредното издание на Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември во 2020 година, а веќе се познати можните противници на Македонија.

Во Лига Ц покрај Македонија ќе играат Словачка, Турција, Ирска, Северна Ирска, Бугарија, Израел, Унгарија, Романија, Грција, Албанија, Црна Гора, Косово и Белорусија.

Лига А: Португалија, Холандија, Англија, Швајцарија, Белгија, Франција, Шпанија, Италија, Украина, Данска, Шведска и Босна и Херцеговина.

Лига Б: Хрватска, Полска, Германија, Исланд, Русија, Австрија, Велс, Чешка, Шкотска, Норвешка, Србија и Финска.

Лига Д: Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија, Гибралтар, Фарски острови, Литванија, Лихтенштајн, Андора, Малта и Сан Марино.

Scroll to Top