Top Sport

Скандал во Рејкјавик: Турците пречекани со четка за тоалет!

Гостувањето на Турција во Исланд, во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 може да се претвори во дипломатски скандал помеѓу двете држави.

Новинската агенција „Анадолија“, пренесе дека синоќа кога турските фудбалери пристигнале на аеродромот во Кефлавик биле изложени на повеќе часовна пасошка контрола, а нивниот багаж бил детално претресен. Тие биле жртви на непочитување и на агресивното однесување на исландските царински власти.

Истиот извор наведува дека најискусниот во турската репрезентација Емре Белозоглу, додека давал изјава на аеродромот еден навивач наместо микрофон пред него ставил четка за тоалетна шолја. Навивачот веднаш бил уапсен.

„Ова нема врска со дипломатските норми и нике ќе преземем адекватни мерки, немојте да се сомневате во тоа“, рекол шефот на турската дипломатија, Мевлут Чаушоглу.

Турција на Ислан, поради ваквото однесување, му врачила протесна нота. Турција исто така побарала дополнителни мерки на безбедност за фудбалерите и стручниот штаб.

Scroll to Top