Елиф Елмас асистираше на првиот гол на неговите Наполи, за „партенопеи“ да стигнат до убедлива 4:1 победа во јужото дерби во Серија А против последнопласираната Салернитана.
Елмас, кој повторно беше стартер за тимот на Лучано Спалети, му асистираше на Жуан Жесус во 17. минута за рано водство на домаќините, пред Салернитана да израмни преку Федерико Бонацоли во 33. минута.
Наполи се врати во водство во финишот на полувремето, кога Дрис Мертенс беше прецизен од пенал 2:1, по што во второто полувреме, Амир Рахмани во 47. минута да зголеми на 3:1, за домаќините да добијат уште еден пенал во 53. минута, кој Лоренцо Инсиње немаше проблем да го реализира.
Со трите поени, Наполи се враќа на второто место на табелата со 49 поени, четири поени зад лидерот Интер и еден поен пред Милан, кои вечерва го играат големото дерби со Јувентус.В
СЕРИЈА А, 23.КОЛО
Наполи – Салернитана 4:1
Специја – Сампдорија 1:0
Торино – Сасуоло 1:1
Каљари – Фиорентина 1:1