Македонскиот фудбалки репрезентативец, Елиф Елмас маестрално ја започна новата сезона во Серија А во дресот на Наполи. На синоќеѓниот меч против Венеција на „Диего Марадина“ стадионот во Неапол Елмас беше творец на вториот гол за домашните во 73 минута.
За италијанските медиуми тој изјави дека тренер Лучано Спалети верува во неговите квалитети со што тој добива голема самодоверба.
„Спалети лично ми влева многу голема самодоверба. Јас сум тука веќе трета година и сакам да го покажам најдоброто од себе, сакам да играм и да покажам дека вредам. Се надевам дека ќе играм многу повеќе. Среќен сум секако за голот, но најважно е што дојдовме до победата. Инсиње и Лозано се многу важни играчи за овој тим, и јас сум пресреќен што го делам теренот со нив. Посебно Инсиње, сите знаат за каков фудбалер се работи, вистински капитен и лидер. Буди постојано инспирација и мотив во мене да биде што е можно подобар. Беше големо задоволство да се постигне гол пред фановите во воведниот меч. Победа во вакви околности значи дека сме добар тим. Докажавме дека и со 10 играчи можеме да извлечеме добар резултат. Многу сум среќен. Верувам дека нашата сила е и тренерот и со него и под негово водство, можеме да оствариме големи нешта“ – рече Елмас по воведната побела на наполитанците.