Top Sport

Елмас е номиниран за наградата „Златно момче“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е еден од номинираните фудбалери за наградата „Златно момче“. Оваа награда во 2003 година ја воведе „tuttosport.com (тутоспорт)“.

Елмас, минатата сезона во дресот на Фенербахче стекна целосна афирмација на меѓународната сцена. Од наредната сезона тој ќе игра во Италија, а трансферот во Наполи треба да биде реализиран до крајот на неделава. Фенербахче од трансферот ќе заработи 18 милиони евра.

Самото номинирање за наградата „Златно момче“ е големо признание за она што го направи македонскиот репрезентативец минатата сезона.

Во конкуренција за оваа награда е минатогодишниот добитник Матија Де Лихт, но и Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Џејдон Санчо (Дортмунд), Самуел Чукуезе (Виљареал), Николо Заниоло (Рома), Брахим Дијаз (Реал Мадрид), Калум Хадсон-Одои (Челси), Фил Фоден (Манчестер сити), Диого Дало (Манчестер Јунајтед), Каи Хаврц (Баер Леверкузен)…

Погледнета ја целата листа на номинираните фудбалери

Scroll to Top