Top Sport

Елмас запечати уште една победа на Наполи!

Наполи ја забележа својата 19-та победа во 22 кола во италијанската Серија А, побдувајќи ги Кремонезе со 3:0 за да се вратат на огромни 16 поени предност пред Интер во една историска сезона за клубот од југот на Италија, во која своја улога има и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој ги искористи минутите на теренот за да постигне уште едене гол.

Резулатот ги освои новата грузиска фудбалска ѕвезда, Квича Кварацхелија, кој денеска го прослави својот 22. роденден со фантастична соло акција за водство во 22. минута. По ова, Наполи се мачеше против тимот кој ги исфрли од Копа Италија, пред Виктор Осимен во 65. минута да го удвои водството.

Елмас, кој влезе во игра во 70. минута, само девет минути подоцна по едно одлично проигрување со Џовани ди Лоренцо, го постигна и третиот гол на „Диего Армандо Марадона“ за запечатување на триумфот.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top