Top Sport

„Магија“ на Педри за три поени на Барса кај Вилјареал!

Барселона го зголеми водството на врвот на шпанската Ла лига пред Реал Мадрид на фантастични 11 поени (иако со натпревар повеќе), откако благодарение на фантастичниот гол на Педри успеа да дојде до тесна 0:1 победа на „Керамика“ кај Вилјареал.

Во 18. минута, новата суперѕвезда на каталонскиот клуб, Педри по фантастично проигрување од Роберт Левандовски го постигна можеби најубавиот гол овој викенд во Европа, кој на крајот беше доволен за нови три поени за тимот на Чави Ернандез.

За Вилјареал пак, ова е трет пораз едноподруго, кој ги остава на осмото место на табелата, седум поени од топ 4 пласман.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top