Кралската холандска фудбалска федерација (КНВБ) потврди дека го блокирал спонзорскиот договор на Емен со компанијата за производство на сексуални играчки „Изитојс“, бидејќи се работело за „неприкладно“ партнерство.
Прволигашот Емен мораше да се откаже од договорот кој ќе му носеше на клубот околу 500.000 евра, откако КНВБ одлучи дека се прекршени правилата на федерацијата.
„Не е исправно да се прикажува спонзорство со таква компанија на дрес. Фудбалот е за сите возрасни групи, млади и стари“, се вели во одлуката на федерацијата.
Од Емен соопштија дека клубот е „изненаден и вознемирен“ од одлуката на федерацијата.
„Ќе ги разгледаме аргументите на КНВБ и ќе одлучиме за следните чекори. Во секој случај, не сакаме да раскинеме договор со некој кој сака да ни биде главен спонзор“, велат од клубот.
❌ KNVB geeft geen toestemming voor hoofdsponsorschap @EasytoysNL. Wij zijn verbaasd en zullen ons beraden. #HIERKOMIKWEG https://t.co/7FrB7sWDU0
— FC Emmen (@FC_Emmen) September 16, 2020