Top Sport

Емери: Арсенал не може да си приушти да купи никого во јануари

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека „топчиите“ нема да потпишат со ниту еден фудбалер во текот на јануарскиот преоден рок, освен ако не се работи за фудбалер кој ќе дојде на позајмица.

„Топчиите“ претходната зима се засилија со Пјер-Емерик Обамејанг и Хенрик Мхитарјан, а потоа ги платија и Лукас Тореира, Бернд Лено, Сократис Папастатопулос и Матео Гендузи во летниот преоден рок. Сега, затоа има „моратириум“ на трошење и покрај тоа што беа поврзувани со Денис Суарез од Барселона и Евер Банега од Севилја, како и Ектор Ерера од Порто.

„Не можеме да исплаќаме фудбалери сега. Можеме да позајмиме некого. Знам дека сите во клубот работаат на случајот, да се донесат најдобри фудбалери што е можно, но веќе нема да има трансфери, барем засега“, вели Емери.

Суарез би бил замена за Арон Ремзи, кој најверојатно ќе заврши во Јувентус на крајот на сезоната, откако италијанскиот шампион му понуди 7 милиони евра по сезона.

Фото: ЕПА

Scroll to Top