Top Sport

Мурињо по „разводот“ со Јунајтед најде нова работа, ќе биде коментатор

Португалскиот трофеен тренер Жозе Мурињо на 18 декември „се разведе“ од Манчестер Јунајтед, а отпремнината од 15 милиони евра ја доби деновиве. Сепак тој воопшто не губеше време и си најде нова работа.

Мурињо ќе биде коментатор за арапската телевизија „BeIN Sport” каде ќе ги пренесува мечевите од Азискиот куп.
Извор близок на Португалецот објаснува дека сите долгови од Јунајтед му се исплатени и сега Мурињо опуштен е и среќен и може малку да одмори од стресната работа.

„Жозе лесно би нашол нов тренерски ангажман, но не сака да брза, веројатно ќе почека до крајот на сезоната. Му е јавија на Жозе веднаш по отказот на Лопатеги во Реал, но тогаш ги одби, затоа што сеуште беше тренер на Јунајтед“ – вели извор близок на Мурињо.

Scroll to Top