Иако извештаите од Франција кажуваа дека Нејмар се решил на операција на скршениот метатарзална коска на стапалото, тренерот на Пари Сен-Жермен Унаи Емери вели дека тоа се лаги и дека Бразилецот може да игра против Реал Мадрид следната недела.
Нејмар доби скршеница и повреда на скочниот зглоб при неделниот триумф над Марсеј и беше изнесен на носилки во солзи од „Паркот на принцовите“. Денеска, повеќе медиуми од Франција објавија дека најскапиот играч на светот ќе оди на операција и ќе биде во аут два месеци, враќајќи се еден месец пред Мундијалот во Русија.
„Информациите дека Нејмар ќе се оперира се лажни. Зборував со лекарите во вторник наутро и тие ми ги кажаа деталите, а исто така зборував и со спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике, со претседателот на клубот и со играчот. Нејмар прв сака да игра на секој натпревар, посебно против Реал Мадрид. Мислам дека има мала шанса да биде подготвен за тој меч“, вели Емери.
ПСЖ загубија со 3:1 во првиот меч во Мадрид од Реал и ги пречекуваат европските шампион на 6 март. Нејмар има 28 гола и 16 асистенции во сите натпреварувања за ПСЖ оваа сезона.