Top Sport

Емери: Џака нема да игра против Вулверхемптон

Тренерот на Арсенал Унаи Емери потврдил дека Гранит Џака нема да биде во комбинација за натпреварот против Вулвехемптон.

Џака има бројни проблеми во изминатиот период кои кулминираа в неделата кога наседна на провокациите на навивачите, а потоа демонстративно го соблече дресот и замина во соблекувалната.

„Џака нема да игра против Вулверхемптон“, открил Емери на прес конференцијата организирана по повод дуелот со Вулвс.

Медиумите инаку шпекулираат дека Емери го известил Џака дека повеќе нема да биде во првиот тим. Шпанскиот тренер се решил на ваков чекор за да дополнително да не ги разгневи навивачите.

Аналитичарите и коментаторите овој потег на Емери покажува дека деновите на Џака во Арсенал се избројани.

Се јави и Гранит Џака: Ми викаа: Ќе ти ја убиеме жената, ќерката да ти добие рак…

 

Scroll to Top