Top Sport

Емери го предупреди Дибу Мартинез: Мора веднаш да се фокусира на Астон вила

Херојот на шампионската аргентинска репрезентација, Емилијано „Дибу“ Мартинез се врати во Англија и би требало да биде стартер на следниот меч на Астон вила против Тотенхем, откако неговиот менаџер, Унаи Емери го предупреди дека мора да се навикне на животот во Вила многу бргу.

Откако беше прогласен за најдобар голман на СП во Катар, и (контроверзно) прославуваше во својата татковина, тој го пропушти 3:1 поразот од Ливерпул, но ќе биде достапен на 1 јануари на мечот со Тотенхем.

„Ќе мора да биде достапен физички, а неговиот менталитет ќе го тестираме. Се надевам дека се враќа 100 отсто фокусиран на Астон вила и бргу ќе мора да се адаптира на нашата работа. Честити за него и сите сме горди на неговиот успех, но сега мораме да мислиме на следниот чекор. Секој навивач на Астон вила треба да е горд што има светски шампион во тимот, и тој секогаш не инспирираше нас, така што сега треба да се врати во секојдневието и да ја искористи енергијата да помогне на клубот“, вели Емери.

Астон вила се на 12. место во Премиерлигата, а Емери има две победи и два порази откако го наследи Стивен Џерард на клупата во ноември.

Scroll to Top