Top Sport

Емери ја препороди Вила – четири победи во последните шест меча

Унаи Емери продолжува со фантастичната работа на клупата на Астон вила, откако клубот од Бирмингем со 2:1 ги совлада Лидс за четврта победа во последните шест меча во Премиерлигата.

Со ова Вила се искачува на 11. место на табелата со 25 поени, што е големо достигнување, откако по претходниот менаџер, Стивен Џерард, клубот беше во зоната за испаѓање. Од друга страна, Лидс немаат победа на последните пет меча и се на 14. место со 17 поени, само два од „опасната“ зона.

Лион Бејли експресно ги донесе домаќините во водство во 3. минута од мечот, за откако им беше поништен голот на Лидс во финишот на првото полувреме преку Родриго поради офсајд, Емилијано Буендија да го реши победникот во 65. минута. Патрик Бамфорд во 83. минута успеа да намали на 2:1, но гостите немаа сили да стигнат до израмнувачки гол.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top