Top Sport

Денвер и без Јокиќ го освои Лос Анџелес

Денвер Нагетс успеаја да слават на гости (103:115) против ЛА Клиперс и без помошта на двојниот МВП играч на НБА лигата, Никола Јокиќ.

Јокиќ има проблеми со зглобот на десната рака, па беше принуден да мирува, но тоа им отвори простор на останатите играчи на Нагетс, како Џамал ​​Мареј, кој мечот го заврши со 24 поени, четири скока и осум асистенции.

Одличен беше и Мајкл Портер Јуниор со 22 поени, четири скока и три асистенции, додека Ерон Гордон имаше 17 поени со пет скока и пет асистенции.

Што се однесува до ЛА Клиперс, повторно го немаше Пол Џорџ, па Каваи Леонард го предводеше тимот со 24 поени, Норман Пауел постигна 18, а Џон Вол и Маркус Морис по 16 кошеви.

Кајл Кузма уфрли 40 поени, но Вашингтон загуби од Њујорк со 108:112. Џелен Брансон ги предводеше победниците со постигнати 34 поени, осум скока и осум асистенции.

Резултати: Детроит – Њу Орлеанс 110:116, Индијана – Атланта 111:113, Вашингтон – Њујорк 108:112, Сан Антонио – Голден Стејт 113:144, Чикаго – Оклахома 110:124, Минесота – Феникс 121:116, Јута – Орландо 112:108, ЛА Клиперс – Денвер 103:115, Сакраменто – Хјустон 139:114.

Scroll to Top