Top Sport

Емери поради една клаузула во договорот ги откачил Њукасл

Унаи Емери ќе остане во Виљареал. Баскиецот се поврзуваше со Њукасл јунајтед. Клубот од „Сент Џејмс парк“, се уште нема тренер, откако газдите го отпуштија Стив Брус. Најверојатно новиот менаџер ќе биде 43-годишниот Еди Хау.

„Дејли мирор“, открива зошто Емери го откачил Њукасл, и покрај тоа што речиси постигнал договор за преземање на менаџерската позиција.

„Емери беше лут што информацијата за преговорите, кои се водеа во најстрога тајност, стигнала до медиумите и што таа била објавена непосредно пред важниот натпревар на Виљареал во Лигата на шампионите. Емери смета дека информацијата за преговорите ја „пуштил“ некој од Њукасл. Незадоволството на Емери се зголеми кога дозна дека главен конкурент му е Еду Хау“, тврди „Дејли мирор“.

Емери бил подготвен да ги премолчи овие работи, но не сакал никако да ја прифати клаузулата која Њукасл сакале да ја вметнат во договорот. Според таа клаузула тој би добил отказ доколку Њукасл испадне од Премиер лигата

„Јасно е зошто не ја прифаќал клаузулата. Њукасл по 10 кола нема победа, претпоследни се на табелата и се далеку од безбедната зона. Тешко дека и засилувањата во зимскиот преоден рок ќе му гарантираат опстанок во лигата“.

Scroll to Top