Top Sport

Емери потврди дека Џака е новиот капитен на „топчиите“

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери потврди дека Гранит Џака ќе биде новиот капитен на „топчиите“, откако тој победил во гласањето пред четири свои соиграчи. Арсенал беше без капитен по заминувањето на Лорен Косиелни во Бордо, додека Џака веќе е капитен на швајцарската фудбалска репрезентација.

27-годишниот Џака, кој дојде од Борусија Менхенгладбах и имаше над 100 настапи за Арсенал, ги победил Пјер-Емерик Обамејанг, Ектор Белјерин, Александер Лаказет и Месут Озил во борбата за капитенската лента

„Чака е зрел фудбалер со големо искуство. Во соблекувалната, самите играчи го избраа да биде лидер. Почитта која ја добива е важна, но сега треба да го покаже тоа и на теренот. Верувам во него иако некогаш прави грешки“, вели Емери, кој претходно ја „ротираше“ капитенската лента.

Џака ќе го предводи својот тим со капитенската лента на големото дерби против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во понеделник.

Scroll to Top