Top Sport

Нема медал за Дабо, но фер-плејот е за „злато“ (видео)

Тркачот од Гвинеја Бисау, Браима Дабо нема да освои медал на Светското првенство во атлетика во Катар, но доби аплаузи од публиката и огромна почит од сите љубители на спортот, откако во неверојатен гест на фер-плеј, му помогна на тркачот од Аруба, Џонатан Базби да ја помине целта во трката на 5.000 метри.

Базби, блиску до колапс од умор, во последниот круг беше „спасен“ од Дабо, кој му помогна заедно да влезат на целта на стадионот „Халифа“.

„Целта беше да ја претставувам мојата земја чесно и среќен сум што можев да му помогнам на друг тркач. Видов дека не трча како што треба и сфатив дека нема да ја заврши трката. Одев на личен рекорд, но кога сфатив дека не можам подобро беше да помогнам да заврши, бидејќи тоа е цел на секоја трка“, вели Дабо.

Scroll to Top