Top Sport

(Видео) Алавес со пенал во 129. минута се врати во Ла лига

Депортиво Алавес се врати во Ла лига по драматичната завршница на плеј-оф двомечот со Леванте, победувајќи со 1:0 по продолженија со пенал во 129. минута.

Првиот меч во кој Леванте беше домаќин заврши 0:0, а истиот резултат беше и по 90 минути во реваншот. Но, по играњето со рака на Робере Пиер во шестнаесетникот, Асиер Вилјалибре, кој е позајмен од Атлетик Билбао беше прецизен од белата точка.

Лас Палмас и Гранада претходно обезбедија пласман во Ла лига како првопласирани и второпласирани во Сегунда.

Scroll to Top