Сонот за светска титула на Лионел Меси и на аргентинската репрезентација останува жив, откако легендарната „десетка“ на Аргентина имаше гол и асистенција, пред неговиот голман Емилијано Мартинез да биде најзаслужен за пласманот во полуфиналето, бидејќи по неверојатниот камбек на Холандија во регуларните 90 минути и 2:2 ремито, беше најдобар во пенл-серијата. Следни за Аргентинците се Хрватите, кои спречија јужноамериканско дерби со исто толку драматичната победа на пенали над Бразил.
Меси ја круниса подобрата игра на Аргентинците во првото полувреме, кога во 35. минута со фантастичен потег му асистираше на Нахуел Молина, кој го постигна својот прв гол во националниот дрес во кариерата во совршен момент.
Во второто полувреме, Меси имаше совршена шанса да го зголеми водството со обид од слободен удар, но беше блиску над голот. Во 73. минута од мечот, сепак, Меси доби шанса да се израмни со Габриел Батистута со 10 постигнати голови на Светските првенства, кога по едне невнимателен старт беше досуден пенал, а Меси беше сигурен.
Но, потоа, не беше едноставно за „албиселесте“, откако Холанѓаните покажаа колку се опасни кога во 83. минута само што влезе во игра Вут Вегхорст со одличен гол со глава намали на 1:2 за кревање на атмосферата во финишот на мечот. Само неколку минути подоцна Стивен Бергхујс имаше одлична шанса но шутираше покрај голот. И покрај сите обиди во 10-те минути продолжението, „оранје“ не успеа да стигне до израмнување. Во драматичната завршница, Вегхорст во 101. минута го постигна својот втор гол, по фантастичната асистенција од Копмајнерс, на која „падна“ цела одбрана на Аргентина!
Во продолженијата, Аргентинците имаа неколку шанси преку Лаутаро Мартинез, но на крајот по 120 минути игра дојде време за пеналите. Емилијано Мартинез беше клучниот човек, откако ги одбрани обидите на Ван Дајк и Бергхујс за конечна 4:3 победа на пенали.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк