Top Sport

Емирот од Катар му порачал на Мбапе: Нов договор или ПСЖ ќе те продаде!

Килијан Мбапе или ќе потпише нов договор до почетокот на сезоната, или ќе биде продаден, а отштетата ќе изнесува 200 милиони евра. Првиот човек на ПСЖ, сопственикот на клубот од „Паркот на принцовите“, катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, одлучил дека му е доста од уцени и му порачал на францускиот напаѓач дека е слободен да си замине летово, доколку некој е подготвен да одвои најмалку 200 милиони евра.

Во средата во клубот се одржал кризен состанок по кој Ал Тани јасно му ставил до знаење на Мбапе дека или играчот ќе го продолжи договорот до почетокот на подготовките или ќе биде продаден.

Мбапе има валиден договор до јуни 2024 година, а во последните неколку недели упорно одбиваше да потпише нов договор.

„Следната сезона ќе останам во ПСЖ. Ќе донесам одлука за мојата иднина во 2024 година. Многу работи можат да се случат за една година, особено кога станува збор за клуб како ПСЖ“, изјави најдобриот стрелец на Светското првенство во Катар.

Но, тоа не е доволно за париските шеици, доста им е од уцени и се подготвени да преговараат со Флорентино Перез за негов трансфер во Реал Мадрид.

Килијан Мбапе пристигна во ПСЖ во 2017 година. Првата сезона во клубот ја мина како позајмен играч од Монако, а потоа беше откупен за 180 милиони евра.

Scroll to Top