Top Sport

Симеоне: Се обложив со 2 милиони евра дека Аргентина ќе го освои трофејот на СП во Катар

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се обложил со неверојатни 2 милиони евра дека Аргентина ќе го освои Светското првенство во Катар. Тоа го направил по поразот од Саудиска Арабија, кога беше неизвесно дали „гаучосите“ ќе успеат да ја минат и главната фаза на мундијалот.

„По изненадувачкиот пораз на Аргентина од Саудиска Арабија на првиот меч на СП, се обложив со 2 милиони евра дека ќе ја освоиме светската титула. Не се сомневав дека најдобриот фудбалер во историјата нема да потфрли“, изјави Диего Симеоне.

Стратегот на Атлетико Мадрид лично беше присутен на стадионот „Лусаил“ во Доха и го следеше финалето на СП во Катар против Франција.

Scroll to Top