Top Sport

Емотивно збогување на Суарез: Не мислев дека вака ќе заврши

Луис Суарез кариерата ја продолжува во Атлетико Мадрид. Во чуден трансфер Уругваецот на „Ванда Метрополитано“ доаѓа како слободен играч, иако Атлетико низ разни бонуси ќе и плати на Барселона 6.000.000 евра. Суарез со „јорганџиите“ потпиша две годишен договор, по сезона ќе заработува 9.000.000 евра.

Барселона попладнево му приреди проштална прес-конференција, на која Уругавецот не можеше да ги сокрие емоциите.

„Луди беа последниве денови. „Течеа“ информации, некои работи беа измислени…Тоа ќе ве налути, но морате да се тргнете настрана од такви работи. Морам да уживам во оваа фаза, морам да ѝ бидам благодарен на Барселона за се што проживеав. Сон ми беше да играм за Барселона. Мислев дека тоа ќе биде можно само на „Плејстејшн“, но успеав да го остварам сонот. Барселона е мојот дом“.

Не можеше да ги задржи солзите кога зборуваше како се чувствувал кога играл за Барселона.

„Ова се тешки моменти за мене. Завршува фазата со која се гордеам. Овде створив неколку големи пријателства тоа ме прави среќен. Не замислував дека ќе дојдам до оваа бројка. Горд сум на овие шест години, горд сум што моите деца ме гледаа како играм со неверојатни фудбалери и како освојувам трофеи…Засекогаш ќе се сеќавам на тоа. Благодарност до навивачите што ми даваат поддршка, тоа никогаш нема да го заборавам“, рекол Луис Суарез.

„На сите сакам да им покажам дека се уште можам да играм на високо ниво. Возбуден сум што одам во Атлетико. На знам како ќе биде кога ќе играм против Барселона“, заклучил Суарез, а потоа проговорил и за односот со Роналд Куман.

„Одлуката дека нема да смета на мене ја почитувам. Само побарав од него да продолжам да тренирам со клубот додека не се најде друго решение“.

Луис Суарез во 2014 година од Ливерпул пристигна во Барселона. Кталонците го платија 82.000.000 евра. За шест години одигра 283 натпревари, постигна 198 голови и забележа 109 асистенции.

 

Scroll to Top