Top Sport

Емре Џан и 60 милиони за Пол Погба

Јувентус биле подготвени да го вратат во своите редови Пол Погба, тврди „Тутоспорт“. Францускиот репрезентативец пред две сезони токму од Јувентус се пресели на „Олд Трафорд“ во редовите на Манчестер Јунајтед.

Погба минатиот викенд се врати во тимот на Јунајтед по долгата пауза што ја имаше поради повредата на зглобот. Тој влезе во игра во второто полувреме на мечот со Вотфорд, што беше неговиот прв настап за „црвените ѓаволи“ по речиси три и пол месеци.

„Тутоспорт“ тврди дека Јувентус ќе се обидат да ги искористат шпекулациите дека Погба не е задоволен на „Олд Трафорд“ и дека неговата намера е да го напушти клубот.

На ваквите шпекулации минатата недела менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, одговори дека нема шанси Погба да биде продаден во јануарскиот преоден рок.

Јувентус ќе се обидат да ја искористат оваа ситуација, нудат пари, 60 милиони евра и играч, Емре Џан кој сигурно ќе замине од Торино во престојниот преоден рок.

Scroll to Top