Top Sport

„Ме викаат босански лонец. Роден сум во БиХ, живеам во Србија, играм за Црна Гора“

Дејан Дамјановиќ е роден во Босна и Херцеговина, живее во Србија, а го носи дресот на репрезентацијата на Црна Гора. Во интервју за српскиот „Телеграф“ раскажал зошто се решил да игра за Црна Гора иако е роден во Мостар.

Дамјановиќ никогаш не размислувал за хрватската репрезентација, бирал помеѓу БиХ, Србија и Црна Гора.

„Моите пријатели не нарекуваат босански лонец. Роден сум во БиХ, живеам во Србија, играм за Црна Гора. Татко ми е Црногорец, таму цело едно село се презива Дамјановиќ, имам многу роднини таму. Имав можност да бирам за кого ќе играм, но без размислување го прифатив повикот од Црна Гора“, изјавил Дамјановиќ.

Инаку овој 38 годишен напаѓач кариерата ја започнал во Србија, а од 2006 година игра во Азија во Ал-Ахли, Инчеон, Сеул, Џиангсун, Биџинг Гуан и Сувонг Самсунг.

За Црна Гора дебитирал во 2005 година, одиграл 30 натпревари постигна осум гола.

Scroll to Top