Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Емре Џан им се заблагодари на лекарите на Јувентус што рано му го дијагностицирале ракот на тироидната жлезда. Германскиот интернациналец пристигна во Јувентус во 2018 година како слободен играч од Ливерпул, и само неколку месеци подоцна бил на операција в Торино.
„Имав рак на тироидната жлезда и беше потребна итна операција. Ова ги смени работите во мојот живот. Можеш да имаш многу пари, многу успех, но здравјето е најважното. Им советувам на сите да одат на прегледи, колку и да се чувствуваат здрави, бидејќи ако ги откриете навреме може да направите нешто. Многу сум благодарен на лекарите во Јувентус, кои ме повикаа два месеци по медицинските тестови. Не знаев што се случува, не знаев што е тироидна жлезда и никако не помислував дека имам рак. Ако за ништо друго, трансферот во Јувентус вредеше само поради тие луѓе“, вели Џан во интервју за „ДАЗН“.
Џан се врати во акција неколку месеци по операцијата, но си замина од Јувентус во јануари 2020 откако не добиваше многу шанса од тогашниот тренер Маурицио Сари. 29-годишниот Германец имаше 45 настапи за Јуве, освојувајќи ја титулата во 2018/19.
Queste le parole rilasciate da Emre Can a Dazn. Il calciatore tedesco ha rivelato di aver scoperto di avere il tumore alla tiroide dopo aver svolto le visite mediche con la Juve nel 2018#Tuttosport #EmreCan #BorussiaDortmund #Bundesliga #Juventus pic.twitter.com/eDYaeARNMn
— Tuttosport (@tuttosport) January 27, 2023