Top Sport

Гнабри нема да е стартер за Баерн по посетата на модната недела во Париз

Серж Гнабри нема да биде стартер во големото дерби против Ајнтрахт Франкфурт во сабота, потврди тренерот Јулијан Нагелсман, по бурната недела во која тој беше критикуван за посетата на модната недела во Париз.

По релативно слбата форма, Гнабри по 1:1 ремито со РБ Лајпциг отпатувал на пауза во Париз, каде што беше фотографиран облечен во неколку скапи брендови, нешто што предизвика спортскиот директор на Баерн да го нарече „аматерско однесување“. Тој беше во тимот кој во вторникот одигра 1:1 со Келн, но беше повлечен на полувреме.

„Серж имаше шанса да покаже реакција пртив Келн, но не блескаше, така што тоа патување стана големо кај медиумите. Имаме фудбалер на клупата, Кингсли Коман, кој е во добра форма и ќе биде стартер утре“, изјави Нагелсман.

Баерн, иако се први на табелата во Бундеслигата со 36 поени, немаат лигашка побед во 2023, додека Ајнтрахт се на четвртото место со четири поени зад нив.

Scroll to Top