Top Sport

Ен Несири во последен миг донесе триумф за Севилја

Севилја продолжува со одични игри и резултати под водство на новиот тренер Хозе Луис Мендилибар. Тимот од Андалузија славеше триумф од 2:1 против Вилјареал, со гол постигнат во судиското продолжение. Херој беше Јусеф Ен Несири кој во 94.минута успеа да погоди за победа на домаќините.

Рафа Мир ја доведе Севилја во водство во 34.минута, а израмни Пау Торес во 57.минута.

Со овој триумф Севилја се придвижи кон средината на табелата и сега е на 12. позиција со 38 бода.

Scroll to Top