Македонскиот репрезентативец Енис Барди замина од Шпанија и се пресели во Турција, каде сега игра за Трабзонспор, но не го заборави поранешниот клуб и тамошните пријатели.
Барди ја искористи паузата во шампионатот на Турција поради Светското првенство да „скокне“ до Валенсија и да ги посети старите другари од Леванте.
Клубот е сега во втората шпанска лига, а Барди им посака експресно враќање во елитата.
𝚀𝚞𝚎́ 𝚜𝚘𝚛𝚙𝚛𝚎𝚜𝚊 🇲🇰😱 pic.twitter.com/qhRA176qvz
— Levante UD 🐸 (@LevanteUD) November 23, 2022