Top Sport

Енрике не му верува на Де Хеа – ќе го гледа Мундијалот на ТВ

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа ќе го продолжи „егзодусот“ од шпанската репрезентација, откако според шпанските медиуми, селекторот Луис Енрике нема да го постави ниту во проширениот состав од 55 фудбалери за Светското првенство во Катар.

Според „АС“, Енрике поставил пет голмани во својот проширен списо, но и Де Хеа, и се очекува на СП да се оди со Унаи Симон (Атлетик Билбао), Роберт Санчез (Брајтон) и Давид Раја (Брентфорд), додека резерви би биле Кепа Аризабалага (Челси) и Давид Сорија (Хетафе).

Де Хеа не е во шпанската репрезентација од минтата година, при 1:0 победата над Шведска во меч од квалификациите за Светското првенство, но тогаш беше само на клупата. Последен пат тој одигра 90 минути при 1:0 поразот од Украина во меч од Лигата на нации во 2020, кога беше критикуван дека поради лошата поставеност Виктор Циганков го постигнал победничкиот гол.

Иронично, 31-годишниот Де Хеа е постојан стартер под Ерик Тен Хаг оваа сезона во Јунајтед, иако шпекулациите велат дека веќе се бара негова замена во текот на летото по крајот на договорот. Токму голманот кој го замени во репрезентцијата, Симон од Атлетик и Диого Коста од Порто се поскуваните цели на Тен Хаг.

Scroll to Top