Аргентинската суперѕвезда Енцо Фернандез постигна гол само седум минути откако влезе во игра за да ги „спаси“ скапите Челси со 2:1 победа над четвртолигашот Вимблдон во второто коло на Англискиот лига куп (Карабао куп).
Вимблдон, клуб кој одамна не бил меѓу англиската елита, поведе во 19. минута со гол од пенал на Тили, пред во финишот на првото полувреме, Нони Мадуеке, исто така од пенал да израмни на 1:1.
Меѓутоа, тимот на Маурисио Почетино се мачеше со обидите да ја „скрши“ одбраната на гостите до 72. минута, кога Фернандез постигна гол по катастрофалната грешка на одбраната на Вимблдон, прв во дресот на „сините“ за 2:1 победа.
Во дуелот на два премиерлигаши во второто коло, Барнли на Винсен Компани стигна до победа на гости кај Нотингем со голот на Зеки Амдуни во 91. минута од мечот.
ЕФЛ КУП, 2.КОЛО
Челси – Вимблдон 2:1
Харогејт – Блекбурн 0:8
Нотингем – Барнли 0:1
Шефилд јунајтед – Линколн 0:0, 2:3 пен.
Донкастер – Евертон 1:2