Top Sport

Ѓоковиќ фуриозно го мина второто коло на Флешинг Медоуз

Новак Ѓоковиќ очигледно е мотивиран да ги исправи „неправдите“ во Њујорк и да ја врати титулата од САД опен во негова сопственост, откако експресно го помина и второто коло, совладувајќи го светскиот рекет број 76., Шпанецот Бернабе Запата Миралјес со 6:4/6:1/6:1 за нешто повеќе од два часа.

Веднаш откако од неговиот дел на ждрепката испадна уште еден голем ривал, Стефанос Циципас, Србинот беше концентриран од почетокот, а откако се загреа во првиот сет, не му даде апсолутно никаква шанса на својот шпански ривал и покрај високите температури и тешките услови за игра со висока влажност на воздухот.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде неговиот српски сонародник, Ласло Ѓере, кој неочекувано лесно го совлада Французинот Иго Гастон со 6:1/6:2/6:3.

Scroll to Top