Top Sport

Ердал Ракип нема веќе да игра за Македонија – не се чувствувал дел од тимот

Македoнскиот фудбалски репрезентативец Ердал Ракип веќе нема да добива повик во националниот тим. Тој побарал пауза со образложение дека „не се чувствува дел од тимот“. По ова, селекторот Благоја Милевски јавно истакна дека веќе нема да го повикува во репрезентацијата.

„Кога играч ќе каже дека сака пауза од репрезентација, тогаш едноставно го прашувате да ја каже и причината. Таква причина не беше наведена во нашиот разговор, туку едноставно соопшти дека не се чувствува како дел од тимот. Во ред, отсега тоа јас ќе го почитувам и веќе нема да добива повик за Македонија“, изјави селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.

Scroll to Top