Top Sport

За трофејот на РК Вардар се дебатираше на Ал Џазира (видео)

Тема на ТВ-емисијата „Трибина“ на ТВ-мрежата „Ал Џазира Балкан“ беше фантастичниот успех на РК Вардар, но и неизвесната иднина на новиот европски шампион по повлекувањето на Сергеј Самсоненко како главен спонзор.

Гости на водителот Милан Бошковиќ беа Билјана Црвенковска, помошникот тренер на Вардар, како и уредникот на популарниот веб-сајт „Балкан хендбол“, Жика Богдановиќ.

Scroll to Top