Башакшехир, по освојувањето на првата домашна титула, беше пречекан од еден од најголемите навивачи на клубот, претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Башакшехир има тесни врски со владеачката партија во Турција, а се наоѓа во истото работничко предградие каде што порасна Ердоган. Клубот направи „потрес“ во турската Суперлига, прекинувајќи ја доминацијата на големите три клуба од Истанбул, Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, кои заедно имаат 54 титули од основањето на Супер лигата во 1959 година. Освен овие три клуба, претходно шампиони беа само уште Трабзонспор и Бурсапсор.
„Историска сезона за нас, бидејќи никој од големата тројка не беше на првите две места“, изјави по освојувањето на титулата директорот на клубот, Мустааф Ерогут.
Клубот е основан во 1990 година како Истанбул Бујукшехир Беледијеспор, пред првпат да влезе во Суперлигата во 2007/08. Од 2014 година, клубот е познат како Башакшехир. За разлика од другите големи турски клубови, тие немаат огромни долгови и покрај тоа што трошеа на засилувања како Робињо, Демба Ба и Гаел Клиши.
Критичарите велат дека се работи за „личен проект“ на претседателот Ердоган – претседателот на клубот Гоксел Гумсдаг е оженет со внука на сопругата на Ердоган.
„Луѓето го сметаат Башакшехир како фудбалска гранка на партијата АКП. Кога ќе ги загубат изборите, Башакшехир ќе страда“, вели турскиот фудбалски новинар, Алп Улагај.
Навивачите на големите клубови го сметаат Башакшехир клуб без навивачи – оваа сезона тие имаа просек од 2.900 гледачи на домашните натпревари иако имаат стадион со капацитет од 19.000 седишта.
Cumhurbaşkanımız Sayın @RTErdogan, Süper Lig’de 2019-2020 sezonunu şampiyon tamamlayan kulübümüzün yönetim kurulu üyelerini, idari ekibini, teknik direktörümüz Okan Buruk’u ve futbolcularını, Cumhurbaşkanlığı Külliyesinde kabul etti.
➡️ https://t.co/rOLo3wJ3Wm pic.twitter.com/pxjy6SKFw6
— İstanbul Başakşehir ? #TürkiyeninYeniŞampiyonu (@ibfk2014) July 27, 2020