Андер Ерера го одбил предлогот да се пресели во Тотенхем, во замена за Тангуј Ндомбеле.
Поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед на Леонардо му соопштил дека во Премиер лигата може да игра само за Манчестер јунајтед и за ниту еден друг клуб.
Ерера, во сезоната 2016/2017, кога Јунајтед го освои Лига купот и Лига Европа, беше прогласен за најдобар играч на „црвените ѓаволи“.