Top Sport

Кукуловски се пресели во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер продолжи со засилувањата за следната ракометна сезона, откако го донесе младиот Дејан Кукуловски од Вардар, кој доби тригодишен договор.

Се работи за играч, кој ги помина младинските екипи на Вардар, а потекнува од школата од Ресен. Настапуваше за составот на Вардар Јуниор, кој се натпреварува во Суперлигата, додека повремено добиваше и шанса за игра во првиот тим. Дебитираше за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата пред две години, додека минатата сезона постигна и два гола на натпреварите во Лигата на шампионите.

Претходно Пелистер се засили со Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски.

Scroll to Top