Top Sport

Ерик Гарсија се договорил за враќање во Барса, се чека на одлука на Сити

Дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија се договорил за личните услови со Барселона, но сега англискиот премиерлигаш треба да се договори со каталонскиот клуб и тешко е да се очекува дека ќе се согласи на ниска цена, јавува „Гол“.

По позајмицата на Карлес Алена во Хетафе, каталонскиот клуб ослободи доволно средства за договор со Гарсија, бидејќи тренерот Роналд Куман смета дека позицијата на централен бек му е најслаба точка.

Пред да може да се прати официјална понуда, преодниот претседател Карлес Тускетс ќе мора да добие зелено светло од четирите претседателски кандидати пред изборот на 24 јануари, кој може да се одложи поради КОВИД-19.

Се верува дека Барса ќе понуди само 5 милиони евра за Гарсија, чиј договор завршува на крајот на сезоната, и оваа понуда за 20-годишен фудбалер е прениска. Сепак, Гвардиола нема проблем да го пушти, бидејќи Рубен Диаш ја презеде неговата позиција во одбраната заедно со Џон Стоунс.

Scroll to Top