Top Sport

Ерик тен Хаг ја прифатил понудата на Манчестер Јунајтед

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг ги договорил сите детали за преселба на „Олд Трафорд“. Тој од следната сезона ќе биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед, јавуваат медиумите на Островот.

Тен Хаг ќе добие тригодишен договор, а Ајакс отштета од 2 милиони евра со оглед дека тој има договор со клубот од Амстердам до јуни 2023 година.

Ерик тен Хаг вчера го загуби финалето на Купот на Холандија од ПСВ Ајндховен, а веднаш по натпреварот наводно имал телефонски разговор во кој прифатил да биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Тој треба да го наследи Ралф Рангник на клупата на „црвените ѓаволи“.

Scroll to Top